Познатиот актер Роби Колтрејн, кој го толкуваше ликот на Рубеус Хагрид во серијалот Хари Потер, почина денес, на 72-годишна возраст.
Во соопштение за медиумите неговата агентка Белинда Рајт ја сподели тажната вест: „Мојот клиент и пријател Роби Колтрејн почина во петок на 14 октомври“.Таа го опиша Колтрејн како „уникатен талент“ додавајќи дека неговата улога како Хагрид им донела радост на децата и возрасните ширум светот.
Актерот починал во болница во близина на Фалкирк, Шкотска. Колтрејн оствари повеќе улоги во детективски драми, како и во филмови за Џејмс Бонд.