Актерот Ричард Белзер почина вчера на 78-годишна возраст, во својот дом во Бозул, на југот на Франција.
Кариерата ја започна како комичар, а подоцна се прослави како актер во различни улоги.
Писателот Бил Шефт рече дека Белзер имал многу здравствени проблеми.
Најпознат е по улогата на детективот Џон Мунк, лик кој го толкуваше во серијата „Убиство: Живот на улица“, која траеше седум сезони, а ја наследи „Убиство: Филм“. Неговиот лик беше вклучен и во крими серијата „Закон и ред: Оддел за жртви“ која траеше уште 15 сезони, во повеќе од 300 епизоди.
Белзер го играше Мунк во 11 различни претстави во текот на 22 години. За првпат, еденизмислен лик беше одигран од еден актер во 11 различни телевизиски емисии.