Актерот Пирс Броснан и неговата сопруга Кили неодамна ја прославија 21-годишнината од брак, а по тој повод филмската ѕвезда објавила фотографии од венчавката со сопругата и ѝ посветила емотивен опис.
„Среќна годишнина, љубов моја. Танцувавме таа ноќ и го танцуваме тој танц и денес. Би можел да го повторам сето тоа“, напишал Пирс.
Бројни следбеници биле воодушевени од емотивната објава на Броснан и му упатиле честитки за годишнината, но на Фејсбук актерот повторно се соочил со злобни коментари за изгледот на неговата сопруга кои веќе се избришани од оваа социјална мрежа, пишува „Мирор“.
Пирс, како и секогаш, застанал во одбрана на сопругата и напишал дека нејзиниот изглед бил тема на расправа и помеѓу неговите пријатели.
„Наши пријатели ѝ понудија операција за намалување на тежината, но јас го обожавам секој дел од нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. И затоа што ги роди нашите деца“, напишал Пирс и заштитнички ја одбранил својата сакана Кили.
„Отсекогаш вистински сум ја сакал поради тоа каква личност е, не поради нејзината убавина, а сега ја сакам уште повеќе бидејќи е мајка на моите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов“, додал актерот.
Пирс и Кели се запознале во 1994 година, а парот се венчаше по 7 години врска. Заедно ги имаат синовите Парис и Дилан.