Актерот од „Луд, збунет, нормален“ осуден за блудничење над малолетник

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актерот Моамер Касумовиќ познат по серијата „Луд, збунет, нормален“ е осуден на една година затвор за кривично дело блуд над малолетно лице.

„Врз основа на евиденцијата на Обвинителството на Кантонот Сараево, ве известуваме дека против наведениот е водена постапка за кривично дело блуд, која конечно е заклучена пред Општинскиот суд во Сараево. Истиот е прогласен за виновен и осуден на една година во затвор“, соопшти Обвинителството на Кантонот Сараево.

Како што пренесува „Рапорт“, случајот станал познат во јавноста на 16 септември по изведбата на белградскиот народен театар „Тихо, тише“, која беше изведена во рамките на 6. Сараево фест во Сараевскиот народен театар. Во претставата се зборува за врсничко насилство, по што имаше прашања и одговори со публиката.

Според извештаите, тогаш зборувал млад човек од публиката кој рекол дека бил жртва на педофилија кога имал 14 години, а дека сторителот бил познат актер. На прашањето за кого станува збор, младиот човек рекол – Моамер Касумовиќ (43).

Момчето во шокантното признание во Народниот театар рекло дека целиот случај има судски епилог и дека за тоа има судска пресуда.

Настанот се случил во 2021 година, а потоа следувала пријава и судски процес кој резултирал со пресуда со која Касумовиќ доби една година затвор, пишува „Кликс.ба“.

Со оглед на тоа што законот дозволува да може да се „откупи“ до една година затвор (за околу 100 конвертибилни марки дневно), се претпоставува дека актерот од Босна и Херцеговина го направил тоа, поради што никогаш не заминал зад решетки.

Касумовиќ е познат актер кој глумеше во бројни претстави и ТВ серии, а на пошироката регионална публика и е познат по улогата на Дамир Фазлиновиќ во хит серијата „Луд, збунет, нормален“.

Share This Article