Актерот Метју Пери кого гледачите го засакаа поради улогата на Чендлер Бинг во култната серија „Пријатели“, откри дека не е во состојба да ги гледа старите епизоди од серијата, а зад сето тоа се крие и причина.
Години наназад, овој 53-годишен актер и неговите колеги од серијата беа најголемите ѕвезди на планетата, со милиони гледачи кои секојдневно ги следеа нивните животни случувања.
И, сега, повеќе од деценија од емитувањето на последните епизоди, луѓето ширум светот уживаат во нејзините репризи, што за жал, не е случај и со Пери.
Актерот признал дека не може да се натера повторно да ја гледа серијата, а зад сето тоа се крие токму неговата борба со зависноста, која за малку ќе го чинела живот.
Зборувајќи за Си-би-си, Пери рекол дека не може да ја гледа серијата затоа што многу лесно препознава во каква состојба бил и што консумирал во секоја од сезоните“.
„Не ја гледав серијата бидејќи само ќе морав да повторувам: алкохол, опијати, кокаин. Можам за секоја сезона да кажам што тогаш сум користел и затоа не сакам да ја гледам. Тоа е сè што гледам“, објаснил актерот.
Тој се присетил и на некои тешки моменти по кои едноставно не закрепнал.
„Во еден момент толку многу се тресев што доколку сакав да се поместам од полицата со книги до масата, морав тоа да го направам потпирајќи се на нешто. Отиде тоа премногу далеку“, објаснил актерот којшто во еден момент се расплакал.
„Знаете, она поради што секогаш можам да се расплачам е тоа што ова не е чесно. Не е чесно што морав да поминувам низ оваа болест додека останатиот дел од екипата не. Тие го добија истото што го добив и јас, но јас морав да се борам против овие работи и сè уште тоа го правам“, заклучил актерот.
Во претходен разговор за „Пипл“, Пери открил дека неговиот алкохолизам дури почнал да „пушта корења“ кога ја добил улогата во серијата која ќе му го смени животот. Тогаш имал само 24 години.