Можеби Бен Афлек немал време да присуствува на роденденската забава на неговата сопруга Џенифер Лопез на 23 јули, но токму тој ден завршил навистина важна работа, додека сличен потег направила и самата пејачка.
Имено, актерот и режисер, Бен Афлек, купил куќа за 20,4 милиони долари на 24 јули, истиот ден кога Џенифер Лопез го продала својот стан во Њујорк.
Трансакцијата од висок профил е направена неколку дена откако парот ја продал својата вила на Беверли Хилс за 68 милиони долари. Таа недвижнина тие ја купиле набргу по венчавката во 2022 година.
Во таа вила која го претставувала нивното љубовно гнездо има 12 спални соби, 24 бањи, а Џеј Ло и Афлек станале сопственици на куќата во мај 2023 година. Тие ја купиле луксузната палата за 60 милиони долари.
Новиот дом на Афлек исто така е раскошен, вилата ја дизајнирал Клиф Меј, на располагање има 6 спални соби и 6 бањи. Лопез, пак, својот пентхаус го продала за 23 милиони долари, според „Пипл“.
Парот и понатаму живее на различни адреси. Афлек не присуствувал на нејзината роденденска забава во Њујорк, па за тоа време бил во Калифорнија. На прославата била мајката на пејачката, Гвадалупе Родригез, која нема добро мислење за својот зет.
Бен Афлек во последно време се занимава со продукција на филмот „The Accountant 2“. Иако снимањето е завршено, тој не се вратил на неговиот заеднички живот со Џеј Ло, па Денот на независноста и двете годишнини од брак ги поминале одделно (според двете свадби кои ги имаа во 2022 година).
Џенифер неодамна била забележана во друштво ќерката на Бен Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер, Виолет.
Приказните за потенцијален развод не стивнуваат, но постојат измешани сигнали, едни наведуваат на колапс на бракот, други на сосема поинакво сценарио.
Да потсетиме, Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа 20 години откако ставија крај на нивната врска и се откажале од брак. Џеј Ло зад себе има три брака и близнаците Ема и Макс.