More

    Актерот доби доживотна казна поради силување на две жени

    spot_img

    Објавена е првата фотографија од затворот на актерот Дени Мастерсон, ѕвездата на серијата „Лудите седумдесетти“, откако тој беше префрлен во државен затвор на отслужување на казна од 30 години до доживотна казна за силување на две жени во неговиот дом во Холивуд Хилс пред повеќе од 20 години.

    На фотографијата актерот е облечен во портокалов затворски костум, пуштил брада и мустаќи, а лицето му е мрачно. Тој беше префрлен од затворот во Лос Анџелес во државниот затвор Северен Керн во Делано, Калифорнија.

    Потсетуваме, на почетокот на септември оваа година, судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес, Шарлејн Олмедо, му изрече казна на 47-годишниот актер откако го одби барањето на одбраната за ново судење и ги сослуша изјавите на жртвите.

    – Господине Мастерсон, вие овде не сте жртва. Вашите постапки пред 20 години и го одземаа изборот на друга личност. Вашите постапки пред 20 години беа криминални и затоа сте тука – му рекла судијката.

    – Не сте осудени врз основа на гласини, алузии, озборувања и шпекулации. Осудени сте врз основа на докази дека 12 лица од поротата ги прогласиле за веродостојни. Осудени сте, бидејќи секоја од жртвите некому пријавила силување недолго откако силувањата се случиле – додала таа.

    Поротата составена од седум жени и пет мажи го прогласи Мастерсон за виновен по две точки од обвинението по седум дена расправа. Двата напади се случија во домот на Мастерсон во Холивуд Хилс во 2003 година, кога тој беше на врвот на својата слава, околу времето кога се емитуваше „Лудите 70-ти“. Поротата не можеше да донесе едногласна пресуда за третата точка, тврдењето дека Мастерсон ја силувал и својата долгогодишна девојка.

    Сопругата на Дени, актерката Бижу Филипс, поднесе барање за развод само неколку дена откако актерот беше осуден.

    – Г-ѓа Филипс одлучи да поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг во овој несреќен момент. Нејзин приоритет останува нејзината ќерка. Ова беше незамисливо тежок период за бракот и семејството. Господин Мастерсон отсекогаш бил покрај г-ѓа Филипс за време на најтешките моменти од нејзиниот живот. Г-ѓа Филипс признава дека господинот Мастерсон е прекрасен татко на нивната ќерка – рекол нејзиниот адвокат Питер А. Лаузон.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img