Актерот Дејвид Ворнер почина на 81-годишна возраст од болести поврзана со рак, пишува Би-би-си.
На нашата публика и е најпознат по улогата во филмот „Титаник“, каде го толкуваше ликот на Спајсер Лавџој, помошник на ликот кој го толкува Били Зејн, а кој во еден момент пукаше во главниот лик Џек.
Покрај тоа, имавме можност да го видиме и во филмовите: „Ѕвездени патеки“, „Врисок 2“, „Планета на мајмуните“, „Мери Попинс се враќа“ и други.
Ворнер починал во неделата во Денвил Хол, дом за луѓе од забавната индустрија.
„Во текот на изминатите 18 месеци, тој пристапи кон својата дијагноза со карактеристична грациозност и достоинство. Многу ќе ни недостига нам, неговото семејство и пријателите и ќе остане запаметен како човек со љубезно срце, дарежлив и сочувствителен човек, партнер и татко, чиј наследството од извонредната работа допре до животите на многумина во текот на годината. Срцето ни е скршено“, изјави неговото семејство за Би-би-си.
Дејвид Ворнер се школувал на Кралската академија за драмска уметност. Неговата кариера на малите екрани започнала во 1962 година со улогите во филмовите „Се приклучивме на морнарицата“ и „Појадокот на кралот“.
Неговата кариера добила голем поттик во 1966 година кога ја добил главната улога во „Morgan: A Case For The Cure“, покрај Ванеса Редгрејв.
ФОТО: YOTUBE/SCREENSHOT/MOVIECLIPS