Актерот Арми Хамер, кој се соочи со обвинувања за злоставување и канибализам кои му ја уништија кариерата во последниве години, призна дека направил вазектомија

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актерот Арми Хамер, кој се соочи со обвинувања за злоставување и канибализам кои му ја уништија кариерата во последниве години, призна дека направил вазектомија.

Тој откри дека неговата мајка за неговиот 38-ми роденден му подарила – да направи вазектомија.

Во текот на последните три години, актерот ретко се појавуваше во јавноста поради обвинувањата, но сега има поткаст. Во новата епизода на поткастот „Времето на Арми Хамер“ (The Armie HammerTime), тој ја угости својата мајка, Дру Хамер, а таа откри необичен подарок што во една прилика му го подарила на својот син за неговиот роденден.

– Му се јавив на Арми и го прашав што сака за роденден оваа година. Тој рече: „Не знам, можеби пари, сеедно“. А јас му реков: „Мислам дека ќе ти дадам вазектомија“ – рекла Дру.

Актерот потоа ја раскажал реакцијата на рецепционерката кога и кажал кој го плаќа зафатот.

– Отидов кај рецепционерката и таа ме праша: „Сакаш ли ова да го ставиме на осигурувањето?“ Реков дека немам осигурување со години, па таа ме праша дали сакам да платам со кредитна картичка, и реков: „Моите кредитни картички нема да го покријат тоа, мајка ми ќе ти се јави и таа ќе плати. Жената ме погледна и ме праша: „Што?“ Тогаш и реков: „Па, да, мајка ми ми купи вазектомија за мојот роденден“ – рекол Арми.

Дру Хамер се осврнала и на злогласните гласини за канибализмот, откривајќи дека му се јавила само еднаш за да го праша „дали оставил некоја жена без ребра и екстремитети“.

– Тоа е она што сакам да го знам како твоја мајка. Но, да бидеме искрени, мислам дека сега научи да не пишуваш глупости. Никој не беше изеден, никој не беше силуван. Ти беше глупав – рекла Дру.

По обвинувањата за канибализам и злоупотреба, Арми се разведе од тогашната сопруга Елизабет Чемберс, со која има две деца – Харпер (9) и Форд (7).

- Advertisement -
Ad image

Арми летоска гостуваше во емисијата на Пирс Морган, кој го праша дали некогаш јадел човечко месо. Во интервјуто, Морган го прашува актерот:

„Дали си канибал?“ на што Хамер одговара: „Дали знаеш што мора да направиш за да бидеш канибал?“

Потоа Морган директно го прашува Хамер дали некогаш јадел човечко месо, а актерот вели:

- Advertisement -
Ad image

„Тоа не е прашање на кое мислев дека морам да одговорам.“

Share This Article