More

    Актерот Алек Болдвин е виден во Њујорк како оди со помош на бастун, по операцијата на замена на колк

    spot_img

    Актерот Алек Болдвин (65) е виден во Њујорк како оди со помош на бастун, по операцијата на замена на колк.

    Болдвин се подложи на операција пред две недели, а неговата сопруга, Хиларија Болдвин (39) на Инстаграм објави дека актерот бил опериран.

    Актерот претходно на Инстаграм ги информираше своите фанови за здравствената состојба.

    Болдвин изјавил дека требало да се оперира пред најмалку две години и дека цело тоа време одел кривејќи.

     

    – Не си направив услуга – додал тој, посочувајќи дека направил „компензаторна штета“ на други делови од телото, вклучително и грбот, вратот и колената.

    – Беше тешко да кривам во оваа состојба две години – изјавил актерот.

    Инаку, Болдвин веќе беше опериран за замена на левиот колк во 2018 година, а неодамна изјавил дека немал време за втората операција поради презафатениот распоред.

    – Немав четири до шест недели да се ограничам на некој начин – изјавил актерот во шоуто „Saturday Night Live“.

    Пред две години Алек Болдвин го одбележа голема трагедија, кога на снимањето на филмот „Рѓа“ со револвер ја застрела и ја уби камерманката Халина Хачинс.

    На Болдвин наводно му било кажано дека во пиштолот немало куршуми, а потоа следело судење на кое бил обвинет за убиство од небрежност. По две години обвиненијата против него беа отфрлени.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img