More

    Актеркта Хајден Панетиер, поранешната свршеница на легендарниот боксер Владимир Кличко, за првпат проговори за својата зависност

    spot_img

    Актеркта Хајден Панетиер, поранешната свршеница на легендарниот боксер Владимир Кличко, за првпат проговори за својата зависност. Со години се бореше со зависност и постпородилна депресија, а откри како изгледал нејзиниот пат до закрепнувањето.

    Таа раскажала дека имала само 15 години кога некој од тимот почнал да ѝ нуди, како што ги нарекла, „таблети за среќа“.

    „Требаше да ме раздвижат за време на интервјуата и излегувањата на црвениот тепих. Немав поим дека тоа е она што ќе ми ја отвори вратата на моето пропаѓање. Секој пат кога мислев дека го допрев дното, се отвораше вратата за нови замки“, изјавила таа за списанието „Пипл“.

     

    Кога нејзината кариера била во подем, Хејден почнала да консумира сè повеќе алкохол и опијати. Кога се будела наутро, можела нормално да функционира само со алкохол , па „тој и дрогата станале нешто без што не можела да живеам“.

    Ова била и причината за колапсот на нејзината љубов со Владимир Кличко.

    „Тој не сакаше да биде околу мене. Ниту јас не сакав да бидам во својата близина. Бев во циклус на самоуништување”, рече таа.

    Пред четири години таа донесе одлука нејзината ќерка да оди да живее со нејзиниот татко.

    „Тоа беа навистина тешки години. Постоеше само сиво во мојот живот. Тоа беше најтешкото нешто што некогаш морав да го направам, но сакав да ѝ бидам добра мајка – а тоа понекогаш значи да пуштите”, објаснила таа.

     

    Откако заболела од жолтица и ѝ се заканувало откажување на црниот дроб, Хајден отишла на осуммесечна рехабилитација. Минатата година таа беше подложена и на трауматична терапија и болничко лекување. Таа изјавила дека конечно го нашла мирот по кој копнеела.

    „Вложив многу труд во себе и морав да бидам брутално искрена. Воопшто не беше лесно. Но, не се каам ниту за најгрдите работи. Сега се чувствувам неверојатно. Како да имам втора шанса“, изјави актерката.

    „Многу сум благодарна што повторно сум дел од овој свет и никогаш повеќе нема да го земам здраво за готово“, додала таа.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img