Актерката Џоан Колинс (91), ѕвезда на култната серија „Династија”, со својот петти сопруг Перси Гибсон ужива на одморот.
Џоан и Перси се наоѓаат во Сен Тропе и се релаксираат на луксузна јахта. Фотографиите и видеата ги објави самата Џоан на својот профил, а следбениците се воодушевени од глетките.
„Прекрасна си, навистина го живееш животот. Тоа го заслужуваш”, ѝ напишале обожавателите, а таа добила и куп комплименти за својот изглед.
Џоан е со Перси од 2002 година, а неодамна за Фокс њуз зборуваше за разликата во годините, тврдејќи дека по многу обиди го пронашла својот принц.
– Пред сѐ, бевме одлични пријатели пред да се венчаме. Работевме заедно на претстава… Уживавме во друштво еден на друг. Се дружевме. И продолживме да се дружиме во следните години. Си пишувавме љубовни писма, тоа беше постепено. И сфативме дека сме на иста бранова должина. Тој е навистина убав, љубезен, приземен човек. Многу од мажите со кои сум била, а нема да кажам со кои, беа или невротични, малку неурамнотежени или упаѓаа во разни проблеми – рекла Колинс.