More

    Актерката Сузан Сомерс (76) проговори за тајната на убавото стареење

    spot_img

    Американската актерка, пеачка и писателка Сузан Сомерс, најпозната по нејзината улога во серијата „Чекор по чекот“ („Step by Step“) и Компанија од тројца (Three’s Company) во интервју за порталот Прво за жените (firstforwomen.com) што го пренесува  Дејли Мејл ја открива тајната на својата успешна и долготрајна романтична врска со нејзиниот сопруг Алан Хамел.

    Во интервјуто Сомерс вели дека со сопругот Алан, со кого е во брак 55 години, меѓусебно „се надополнуваат и се разгалуваат“ во секоја можна прилика. 76-годишната актерка му дава на Хамел она што му „потребно“, а тој пак сака да ѝ носи „навистина добро кафе во кревет за убаво да ѝ почне денот.

    – Станува збор за почитување еден со друг и давање на вашиот партнер она што му треба. Тој ми го започнува денот во романтично блаженство, а ние само се трудиме да го продолжиме – објасни таа.

    Таа вели дека го одржува сексуалниот живот под „восока температура“Секоја прилика ја користат за „добар секс“, често и повеќе пати во денот. Инаку, Хамел има 86 години. Тој импресивен подвиг е клучот за нивната трајна врска, вели таа.

    – Во оваа фаза од животот, повеќето луѓе мислат дека тоа е недостижно. Колку е часот, пладне? Имав секс со него три пати досега денес – бликна таа. Тоа е многу, но Сомерс нема проблем да зборува за тоа колку го сака својот сопруг – пишува авторот на интервјуто.

    Добриот секс е веројатно и клучот за Сомерс и Хамел да се чувствуваат силни и здрави во оваа животна доба.

    – Стареењето е неверојатно. Стареењето е нешто кон кое треба да се стремите и да се радувате и да го сакате – изјави таа за списанието „Парк“ минатата година.

    „Сомерс прави нејзината седма деценија да звучи многу, многу секси“ – заклучува авторот на интервјуто.

    На помлади години, во 1980 и 1984 година, Сомерс привлече внимание со своите разголени фотографии кои се појавија на насловната страница на Плејбој. Освен како актерка и фото-модел Сомерс се прослави и со своите книги со совети за самопомош, квалитетно стареење и исхрана, меѓу кои најгомо внимание предизвика книгата „Без стареење: Голата вистина за биоидентичните хормони“. Таа има издадено две автобиографии, четири книги за исхрана и книга поезија.

    Сомерс беше критикувана поради нејзините ставови за некои медицински теми, а Протоколот Вајли, за кој таа се залагаше, беше оценет како „научно недокажан и опасен метод“. Нејзината промоција на алтернативни третмани за рак исто така беа критикувани од Американското здружение за борба против ракот.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img