Анџелина Џоли беше поддржана од нејзиното момче Акала на премиерата на филмот „Марија“ на 68. елитен кинематографски настан „BFI London Film Festival“ во петокот.
За време на меѓународниот филмски фестивал во Венеција во август, Анџелина неколкупати беше видена во јавност со Акала.
Euuww can only get the dreggs these days Angie
Angelina Jolie is supported by rumoured boyfriend Akala at premiere
https://t.co/BVUZIstvNC— susan mcintosh (@susanmc70244621) October 19, 2024
На премиерата, филмската ѕвезда покажа непогрешливо чувство за класичен стил при пристигнувањето на црвениот тепих во монохроматски ансамбл – црн блејзер, елек и панталони, синоним за суптилна елеганција, а црните чизми обезбедија допир на урбаност.
Оставајќи ги нејзините руси прамени да ѝ паднат преку рамениците, таа го комплетираше аутфитот со пар златни обетки, кои секогаш се добар избор за светлиот тен на актерката бидејќи и „вдишува живот“. Својата природна убавина ја истакна со лесна палета на шминка – одличен контраст со „темниот“ аутфит.
Акала ја следеше, облечен во црно, но коментарите за оваа двојка содржат многу неодамнешни конотации: „На што мисли?“, „Kако тој по Бред Пит“, „Бред најде подобра, таа најде полош…“.