Актерката Робин Григс почина од рак на грлото на матката

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Робин Григс, актерката позната на јавноста во сериите „Еден живот“ и „Другиот свет“, почина на 49-годишна возраст.

Веста за прераната смрт на актерката на Фејсбук ја споделија нејзините блиски. Робин се борела со ракот на грлото на матката, за кој јавно зборуваше на социјалните мрежи.

Сепак, болеста напредувала и минатиот месец таа ги известила своите обожаватели дека ѝбиле дијагностицирани уште четири тумори.

Робин Григс, првата улога ја оствари во серијата „Еден живот“ во 1991 година, каде што се појави во шест епизоди. Родена е во април 1973 година во Пенсилванија.

Покрај серијата, Григс играше и во филмовите „Тежка повреда“ (2003), „Мртви кловнови“ (2004), „Отсуство на светлина“ (2006) и „Пеколна недела“ (2010).

Од 2013 година беше во брак со Мајкл Вајли, а цели две години се бореше со ракот на грлото на матката. Во февруари започнала со имунотерапија, но подоцна објавила дека има четири нови тумори и дека мора да се врати на хемотерапија. Робин Григс ќе остане запаметена и по тоа што ја сподели својата приказна со сите и постојано ја истакнуваше важноста од редовните прегледи.

ФОТО: Јутјуб

Share This Article