More

    Актерката престојува во хотел од 1.000 евра по ноќ

    spot_img

    Турската актерка Мерјем Узерли, попозната како Хурем Султан, престојува на црногорските плажи во престижното одморалиште во близина на Херцег Нови.

    Мерјам е позната по турската серија „Сулејман Величествениот“ во која ја игра главната улога на Хурем, заедно со нејзиниот колега Халит Ергенч кој го игра најмоќниот султан на нејзиното време.

    Актерката на својот инстаграм-профил објави неколку интересни фотографии од одморот во Портонови, на кои може да се види како ужива додека позира.


    Заносната русокоса носи долго здолниште и кратка маичка со принт од гепард, кои ги истакнуваат нејзините облини, а во позадина се гледаат луксузниот хотел во кој престојува како и прекрасната морска плажа во далечината.

    Имаше неколку коментари, а многу граѓани на Црна Гора ѝ посакаа топло добредојде во нивната земја.

    – „Те сакам султанката Хурем“, „Најдобрата актерка на светот“, „Добредојдовте во нашата прекрасна земја“ – се само дел од многуте коментари.

    Хурем ужива во луксузно одморалиште каде цената на една ноќ се движи од 1.000 евра па нагоре, а нејзините следбеници на социјалните мрежи со нетрпение очекуваат нови фотографии.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img