Актерката не придава важност на златната статуетка што ја доби за „Вљубениот Шекспир“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Актерката Гвинет Палтроу во интервју за Vogue откри каде го чува Оскарот кој во 1998 година го доби за улогата во филмот„Вљубениот Шекспир“ (Shakespeare in Love).

Оскаровката ја угостила екипата на „Вог“ во својот дом, а ги дочекала во многу опуштено издание.

Во рубриката „73 прашања со Гвинет“, актерката, меѓу другото, открила за што и служи Оскарот и притоа шокирала многумина.

Статуетката, која го претставува остварувањето на соништата на актерите ширум светот, во домот на Гвинет има многу чудна примена.

Во еден момент снимателот застанува и зумира на златната статуетка.

„Колку убав Оскар. Каква прекрасна награда од Академијата“, ѝ вели новинарот на „Вог“, а таа одговара: „Да. Мојот запирач за врата. Работи совршено“.

Гвинет денес живее потивок живот и гордо го покажува својот природен изглед. Исто така, неодамна искрено изјави дека сака да го прифати стареењето.

Актерката во разговор пред камера откри дека единствениот нејзин филм кој денеска во целост би го гледала е „Ема“ од 1996 година. Таа призна и дека денес ништо не ѝ недостасува од деновите кога беше голема холивудска ѕвезда.

Гвинет откри и дека омилената песна и е од групата „Колдплеј“, чиј фронтмен е нејзиниот поранешен сопруг Крис Мартин. Во прашање е песната „Live Is For Living“, а приота отпеа и дел од песната.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article