More

    Актерката Милена Радуловиќ во вторникот во Белград сведочеше против професорот по глума Мика Алексиќ

    spot_img

    Актерката Милена Радуловиќ (28) во вторникот во Белград сведочеше против професорот по глума Мика Алексиќ. Радуловиќ е една од првите актерки која откри дека Алексиќ сексуално ги злоставувал во белградската актерска школа, пишуваат српските медиуми.

    Милена Радуловиќ во своето сведочење упати бројни обвинувања кон Алексиќ.

    „Кога првпат ми се случи, бев во шок, не можев да си објаснам, се обидов да си објаснам дека тоа е некаков тест. Кога ме допре, се исплашив, чувството на такво предавство. Човекот на кого му верував направи нешто толку болно, мислев дека ме казнува, се чувствував валкано. Потоа дојдоа заканите. Тој тоа го пренесе со љубезен тон. Ме претепа, ја удрив главата во шкафот, сите го видоа. Тој ми удри шлаканица, сите ракоплескаа потоа мислејќи дека тоа е вежбање“, рекла таа.

    Милена рекла дека се плаши од Алексиќ затоа што „ја повредил како никој досега“ и дека не била сигурна на што е способен. Милена истакнала и дека Алексиќ ја „тепал“ и дека уживал во нејзината болка и плачење.

    На распитот актерката рекла дека за другите жртви дознала откако го напуштила училиштето. Таа зборувала и за средбата што ја имала со другите жртви на насилство во декември.

    „Разговаравме за тоа дека треба да кажеме што ни се случува. Дека родителите на децата што го посетуваат училиштето за актерство мора да знаат“, рекла таа.

    Во продолжението на сведочењето пред судот, Милена Радуловиќ изјавила дека била „силувана и сексуално злоставувана во актерската школа“.

    – Кога првпат ми се случи, мислев дека бакнежот е негов тест, можеби дали сум доволно силна. Потоа се случи пенетрирање со прстите во моето тело, бев исплашена и шокирана. Тоа беше чувство на предавство од човек во кој имав доверба, кон кого чувствував почит и стравопочит. Ја изгубив самодовербата, мислев дека ме казнува, се чувствував валкано. А тогаш се случија заканите, дека ако зборувам, тоа ќе влијае на тоа што ќе мислат моите пријатели за мене и дека ќе му се згадам на мојот тогашен партнер. А кога првпат се спротивставив, тој буквално ме удираше и тепаше пред цела група – изјави Милена Радуловиќ во преполната судница, од која гледаше нејзиниот партнер кој ја поддржуваше и ја држеше за рака додека не отиде на говорницата, пишува српски „Курир“.

    „Стравував да излезам од мрежата во која ме вовлече. Имав суицидни мисли, мислев дека после сѐ што ми направи мојот живот повеќе не вреди“, раскажала актерката и додала:

    Милена Радуловиќ на самиот почеток од судењето изјавила дека останува целосно при својот исказ, а право да ѝ постави прашање прв добил адвокатот Зоран Јаковлевиќ, адвокат на Алексиќ. Меѓутоа, поради неговиот начин на испрашување и непримерно однесување во судницата, судијата го прекинал и направил пауза со предупредување до Јаковлевиќ дека ќе биде најстрого казнет.

    За потсетување, сопственикот на школата за глума, режисерот и сценарист Мирослав Мика Алексиќ беше приведен во 2021 година откако неколку жени го пријавиле за силување или сексуално вознемирување.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img