Актерката и пејачка Линдзи Лохан е бремена.
Среќната вест идната мајка ја сподели на Инстаграм каде заедно со фотографијата од боди на бебето напиша дека „бебето наскоро ќе пристигне“.
Ова ќе биде прво дете за 36-годишната актерка и нејзиниот сопруг Бадер Шамас.
„Многу сме возбудени поради доаѓањето на нашиот нов член на семејството и со нетрпение го очекуваме следното поглавје во нашите животи“, изјави Линдзи за ТМЗ.
Инаку, Линдзи и финансиерот Бадер се венчаа минатата година, а актерката во таа прилика изјави дека никогаш не била посреќна.
„Јас сум најсреќната жена на светот. Ме пронајде и знаеше дека сакам да пронајдам среќа и благодат, сето тоа во исто време. Многу сум среќна што ти си мој сопруг”, напишала Линдзи тогаш на Инстаграм.
Некогаш најпроблематичната актерка во Холивуд се прослави со детските и тинејџерските улоги во филмовите на „Дизни“, а неодамна, по долга пауза, се врати на глумата во празничниот филм на Нетфликс, „Falling for Christmas“.
ФОТО: Инстаграм