Сонот на Пеп Гваридола конечно се оствари. И тоа не во врска со освојување на Лигата на шампионите со Манчестер Сити, туку со честитката на неговиот идол – Џулија Робертс.
Неговата омилена актерка преку Инстаграм му честиташе на Пеп за успехот објавувајќи ја неговата фотографија со трофејот.
Гвардиола претходно изјави дека има само три идоли во животот – Мајкл Џордан, Тајгер Вудс и Џулија Робертс. А токму Џулија е заслужна за најголемото разочарување во неговиот живот.
„Џулија Робертс дојде во Манчестер уште пред многу години – не во 90-тите кога Сер Алекс Фергусон освојуваше титули и титули и титули. Таа дојде во период кога бевме подобри од Јунајтед, наназад овие четири или пет години назад, нели? И сепак отиде да го посети Манчестер Јунајтед. Не дојде кај нас. Па дури и да ја освоиме Лигата на шампионите, тоа не може да се спореди со фактот дека Џулија Робертс отиде на стадионот на Манчестер Јунајтед, а не кај нас. Нема да го избришам своето разочарување во тој момент“, објаснил тој еднаш по натпреварот во кој Сити го победи Лајпциг со 7:0 зошто секогаш ќе се смета себеси за неуспешен човек.
Администраторите на социјалните мрежи на Манчестер Јунајтед имаа подготвен одговор на неговата изјава и објавија фотографии од Џулија Робертс која во 2016 година гостуваше на Олд Трафорд и го следеше натпреварот против Вест Хем.
Но, Џулија сега исправи сè, а Пеп сигурно е пресреќен.
ФОТО: Твитер