More

    Актерка со години сексуално злоставувала жени, меѓу нив била и внуката на познатата Србинка

    spot_img

    Алисон Мек (41) во 2021 година беше обвинета дека е вмешана во озлогласен култ, а сега е излезе од затвор.

    Актерката позната по улогата во серијата „Smallville“ во 2021 година била обвинета на затворска казна поради вмешаност во озлогласен култ.

     

    Имено, Мек своевремено била десна рака на водачот на култот „NXIVM“, Кит Раниер, кој физички и сексуално злоставувал жени, додека Мек му помагала.

     

    Пред изрекувањето на пресудата, актерката ѝ се обратила на јавноста со писмо во кое изразила каење:

    „Сега многу ми е важно да кажам дека ми е жал од длабочините на моето срце. Му се посветив на учењето на Кит Раниер со сè што имав. Со сето срце верував дека неговото менторство ме води кон подобра, просветлена верзија од мене. Му ги посветив мојата лојалност, моите ресурси, а на крајот и мојот живот. Тоа е најголемата грешка во мојот живот.

    Жал ми е за сите што ги доведов во „NXIVM“. Жал ми е што ве изложив на подлите и емоционално насилни шеми на извитоперен маж. Жал ми е што ве охрабрив да ги употребите своите ресурси за да учествувате во нешто што на крајот беше толку ужасно. Полека ја сфаќам одговорноста што ја имам во животите на оние што ги сакам и чувствувам голема вина поради тоа што ја злоупотребив вашата доверба, водејќи ве по лош пат“, напишала актерката.

     

    Една од нејзините жртви била и српската принцеза Индија Оксенберг, внука на Јелисавета Караѓорѓевиќ. Таа поминала 7 години во култот, додека во сето тоа ја вовела нејзината мајка Кетрин Оксенберг.

    Индија неколкупати јавно зборуваше за целото искуство, а тврдеше дека култот бил претставен како здружение за самопомош.

    Оксенберг не е единствената која проговорила за однесувањето на познатата актерка за време на нејзиното дејствување во култот. Многу други жртви ја опишале како „изразито сурова жена која ги заплашувала и брутално казнувала“. Доколку одбивале да имаат сексуални односи, тие ги држеле како робинки заклучени во соба и по две години.

     

    Жените кои регрутирале нови жртви на сектата ги нарекувала „робинки“, но кога успевале да донесат нова членка во редовите, тие напредувале во хиерархијата и станувале „господарки“.

    Поради сето ова, Мек била обвинета за изнуда и завера, а се спомнувала и казна од 40 години затвор, иако таа веќе е на слобода.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img