Годинешното 75-то доделување на наградите Еми во Лос Анџелес го одбележаа бројни моменти кои ќе се прераскажуваат низ светот.
Комичната серија „Мечката“, која ја следи приказната за успешниот готвач Карми и неговите соработници, собра престижни награди на синоќешното доделување на наградите Еми.
Оваа продукција освои дури шест награди, со што заедно со драмската серија „Наследници“ стана апсолутен победник на вечерта.
Авторот на серијата, Кристофер Сторер, беше спречен да присуствува на доделувањето на наградите Еми поради инфекција со коронавирусот, па наместо тоа, говор одржа готвачот Мети Метисон, кој игра електричар во серијата.
„Што има? Сакам само да им се заблагодарам на рестораните генерално и на целото угостителство“, го започна својот говор Метсон, но во понатамошната презентација беше прекинат од неговиот колега.
Имено, веќе во следниот момент Ебон Мос-Бакрак му пришол на Метисон и страсно го бакнал, а со својата постапка успеал да ја шокира публиката која присуствувала на церемонијата.
Покрај многубројната публика, Ебон успеа да го изненади и самиот Метисон, кој беше затекнат од реакцијата на колегата.
„Те сакам, Ебон“, рече Метисон, а потоа го продолжи говорот.
„Имав затворени очи. Мислам дека и Мети имаше затворени очи. Времето застана. Не знам колку години поминаа“, се пошегувал Метсон по овој настан и истакнал дека бакнежот му бил во магла, пишува „Вариети“.