Ако планирате да патувате надвор од Македонија по 12 февруари кога веќе не важат документите на кои нема „Cеверна“ имајте предвид да си ја проверите сообраќајната дозвола на вашиот автомобил

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ако планирате да патувате надвор од Македонија по 12 февруари кога веќе не важат документите на кои нема „Cеверна“ имајте предвид да си ја проверите сообраќајната дозвола на вашиот автомобил.

Министерот за надворешни работи денеска објасни дека сообраќајната дозвола е документ којшто го покажувате на странската царина кога ја минувате границата.

Ако имате сообраќајна извадена пред на пример 5 години тогаш на неа ви стои Република Македонија и ќе мора да ја смените, односно има големи шанси странскиот царински службеник да не ве пушти да поминете.

– Документ којшто се користи и за надвор после 12 февруари не треба да се користи. А сообраќајната дозвола е за надвор бидeјќи на граница треба да ја покажете, на царина, а таму има исто име. Така што, да ги потсетам граѓаните дека и сообраќајните дозволи треба да бидат сменети – рече денеска Османи.

Share This Article