Ако планирате да патувате надвор од Македонија по 12 февруари кога веќе не важат документите на кои нема „Cеверна“ имајте предвид да си ја проверите сообраќајната дозвола на вашиот автомобил.
Министерот за надворешни работи денеска објасни дека сообраќајната дозвола е документ којшто го покажувате на странската царина кога ја минувате границата.
Ако имате сообраќајна извадена пред на пример 5 години тогаш на неа ви стои Република Македонија и ќе мора да ја смените, односно има големи шанси странскиот царински службеник да не ве пушти да поминете.
– Документ којшто се користи и за надвор после 12 февруари не треба да се користи. А сообраќајната дозвола е за надвор бидeјќи на граница треба да ја покажете, на царина, а таму има исто име. Така што, да ги потсетам граѓаните дека и сообраќајните дозволи треба да бидат сменети – рече денеска Османи.