More

    Ако пиете кафе во овој период од денот, ќе го забрзате слабеењето

    spot_img

    Времето од денот кога консумирате кафе може да влијае на вашата тежина, тврди експерт.

    Повеќето љубители на кафе се држат до нормата од околу две шолји дневно. Иако постојат наводни здравствени придобивки од овој пијалок, постојат и некои потенцијални ризици што треба да се земат предвид.

    Пишувајќи за Sunday Times, нутриционистот д-р Мајкл Мозли издаде предупредување до луѓето кои пијат кафе секој ден.

    Тој изјави дека иако топлиот пијалок има предности, има и недостатоци. На пример, може да помогне за подобрување на здравјето на мозокот и срцето поради фактот што содржи флаваноли и антиоксиданси, но открил и дека е важно да внимавате на времето од денот кога пиете кафе.

    Креаторот на диетите Брзи 800 и 5:2, го цитираше истражувачот Џејмс Бетс од Универзитетот во Бат, кој наведува дека лошиот сон го зголемува нивото на кортизол, хормонот на стресот, во телото.
    Како резултат на тоа, нивото на шеќер во крвта може да стане превисоко по лош ноќен одмор.

    Тоа значи дека е препорачливо да пиете кафе после појадок за подобро да го контролирате метаболизмот, вели д-р Мозли.

    Мозли додаде дека пиењето до три шолји кафе дневно може да ви помогне во метаболизмот, зголемувајќи ги вашите напори за слабеење.

    Ова го поткрепува студијата објавена во магазинот BMJ оваа година.

    Научниците од институтот Каролинска во Шведска во една студија наведуваат дека пијалоците што содржат кофеин може да играат улога во намалувањето на ризикот од дебелина и дијабетес тип 2.

    И специјална студија, објавена во Scientific Reports во 2019 година, даде слични резултати, пренесува Express.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img