Ако ги забележите овие промени во вашето тело, проверете го шеќерот во крвта

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Доколку не се контролира редовно високиот шеќер во крвта, тоа може да доведе до дијабетес и посериозни здравствени последици. Постојат рани симптоми кои може да укажуваат на проблем со шеќерот.

Раните полека зараснуваат
Ако раните како што се исекотини бавно зараснуваат, ова може да биде знак дека шеќерот во крвта ви е многу висок. Имено, високиот шеќер негативно влијае на циркулацијата на кислородот и хранливите материи кои се неопходни за зараснување на раните, пишува Eatthis.com.

Чести инфекции на кожата
Еден од симптомите се честите инфекции на кожата бидејќи високиот шеќер во крвта може да влијае на правилното функционирање на имунолошкиот систем.

Чувствителност на кожата
Хронично висок шеќер во крвта може да ги оштети нервите, тоа е дијабетична невропатија која ги погодува нозете, стапалата и рацете. Може да се почувствува пецкање, печење, болка и грчеви.

Ненадејно губење на тежината
Луѓето со висок шеќер во крвта често може да се чувствуваат гладни бидејќи високиот шеќер всушност го спречува телото да внесува гликоза, па телото бара повеќе храна. Иако човек јаде повеќе, тој може да изгуби тежина бидејќи телото ги согорува резервите на маснотии за енергија.

Share This Article