Ајкула влезе во кафез со нуркачи и остана без глава!

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Голема бела ајкула е настрада кога се обидела да влезе во кафез со нуркачи на брегот на Мексико! Застрашувачкиот момент го снимила камерата. На снимката се гледа како големата бела ајкула плива кон кафезот, по што главата и се заглавила меѓу металните шипки, објави Сан.

Голема количина крв ја обоила водата црвено додека ајкулата очајно се обидувала да се ослободи. Сепак, само неколку секунди подоцна, телото на ајкулата се гледа како полека тоне на дното на океанот. Необичната сцена е снимена пред неколку години во близина на островот Гвадалупе во северозападната мексиканска држава Долна Калифорнија, но видеото повторно стана вирално на социјалната мрежа X, каде за 24 часа е прегледано повеќе од 15 милиони пати.

Многу корисници се ужаснаа: „Ова е ужасно! Се надевам дека ќе ги поправата кафезите за ајкулите да не се заглават повторно така“, рекол еден корисник, „Жал ми е за ајкулата. Очигледно се бореше да се ослободи“, додаде друг корисник, „Не би сакал ајкула да изеде човек, но луѓето се директна причина за смрт што може да се спречи“, гласи една порака.

 

Share This Article