More

    Ајкула долга повеќе од 2 метра предизвика голема врева на брегот на Гран Канарија во Шпанија кога со голема брзина дојде во плитко пред очите на вознемирените туристи

    spot_img

    Ајкула долга повеќе од 2 метра предизвика голема врева на брегот на Гран Канарија во Шпанија кога со голема брзина дојде во плитко пред очите на вознемирените туристи. Плажата веднаш е затворена за капење бидејќи досега не се случило овие риби да дојдат толку блиску до брегот.

    На популарното место за одмор на плажата Меленара беше издадено  и предупредување со црвено знаме.

    Туристите  раскажуваат детали за ужасот кога ајкулата се појави во плиткото.

    – Младите се слушаа како врескаат додека големата риба се приближуваше до брегот со голема брзина со перките кои  ѝ се штрчеа надвор од водата“ – изјави жена.

     

    Девојка била во водата кога се појавила ајкулата.

    -Спасителот почна да свири и даде знак дека сите треба да излезат од водата. Погледнав назад и ја видов нејзината перка – изјави таа.

    Друг турист вели:

    – Видовме перки кои беа околу 25 сантиметри над водата и почнавме да се движиме најбрзо што можевме назад кон плажата.

    Полицијата веднаш пристига на плажата откако се огласи алармот.

    Потрагата по ајкулата со помош на џет ски била неуспешна.

    Дејли мејл наведува дека се работи за чекан ајкула која може да порасне и до 6 метри во должина и да тежи дури 450 килограми! Тие се главно безопасни за луѓето и забележани се само неколку напади.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img