Ајфеловата кула вечерва во боите на израелското знаме: Засега без светла во чест на жртвите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ајфеловата кула ќе биде осветлена во понеделник навечер во боите на израелското знаме, најави градоначалничката на Париз, изразувајќи ја својата „целосна поддршка за народот на Израел“ по нападот на Хамас во саботата.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, на социјалната мрежа „Х“ му изрази поддршка на Израел по нападот на Хамас во саботата наутро.

„Целосна поддршка за народот на Израел кој ги оплакува своите мртви и кој сè уште се соочува со терористички напад од Хамас“, напиша таа на X.

Таа додаде дека Ајфеловата кула ќе биде осветлена во понеделник навечер како „знак на солидарност“ со Израел.

Париските власти ги исклучија светлата на Ајфеловата кула во неделата навечер: „Ајфеловата кула штотуку се стемни во чест на сите жртви на терористичкиот напад извршен од Хамас. Утре вечер, во знак на солидарност со Израелците, ќе биде осветлено во боите на нивното знаме“, напиша таа на Х.

Израелската армија се уште се бори со инфилтрирани палестински борци на југот на земјата околу Појасот Газа во понеделник, трет ден по почетокот на ненадејната офанзива на Хамас, пишува Хина.

Share This Article