Ајфеловата кула е затворена за посетители поради штрајк на дел од вработените, незадоволни од својата финансиска состојба и од работата на управата на тој споменик, една од најпосетуваните туристички атракции во Франција и светот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Ајфеловата кула е затворена за посетители поради штрајк на дел од вработените, незадоволни од својата финансиска состојба и од работата на управата на тој споменик, една од најпосетуваните туристички атракции во Франција и светот.

„Поради штрајк на дел од вработените, Ајфеловата кула во моментов е затворена. Се молат посетителите со електронски билети да ја проверат својата електронска пошта“ – беше наведено на веб-страницата на Ајфеловата кула, со извинување до посетителите за непријатностите.

Според претставникот на синдикатот ЦГТ, кој претставува голем број вработени, штрајкот е организиран со цел зголемувањето на платите да се усогласи со зголемените приходи од билети. Учесниците на штрајкот бараат и подобрување на одржувањето на Ајфеловата кула, пренесоа француските медиуми.

Ајфеловата кула бележи зголемување на бројот на посетители во пресрет на Летните олимписки игри во Париз.

Популарната туристичка атракцијавообичаено  е отворена 365 дена во годината, но повремено посетите се оневозможени поради штрајк на некои вработени. Така беше и за време на божиќните и новогодишните празници во декември минатата година.

Share This Article