Ајатолахот Хамнеи повика на здружен отпор против Израел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Врховениот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, повика на здружен отпор против Израел. Неговата реакција следи откако Израел објави дека во синоќешните напади во јужните предградија на Бејрут, Либан, го ликвидирале лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.

Хамнеи ги повика муслиманите „да застанат покрај народот на Либан и гордиот Хезболах со какви било средства што ги имаат и да им помогнат во соочувањето со злобниот режим на Израел“.

Тој смета дека судбината на регионот ќе ја одредат силите на отпорот, со Хезболах во првите редови.

Врховниот лидер на Иран го осуди убиството на цивили во Либан, потенцирајќи дека тоа ја покажува „краткогледноста и глупавата политика на водачите“ на Израел.

Радикалната исламистичка милиција Хезболах ја потврди смртта на нејзиниот долгогодишен лидер Хасан Насралаж, со порака дека борбата против Израел ќе продолжи.

Share This Article