АХВ ги доби резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна, од сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, каде беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од земените мостри од храна и суровини за подготовка на храна, од сите училишни кујни во Општина Карпош каде се подготвува храна, каде беа пријавени случаи на сомнежи на труење и беше спроведен вонреден инспекциски надзор.

„Лабораториски резултати од испитаната храна која е земена од централниот магацин на операторот со храна „Ванила Фуд“ кој се наоѓа во ОУ “Димо Хаџи Димов” се со уреден наод, исто како и мострите од четирите куни во основните училишта каде се приготвува храна. Тие се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната, односно, кај нив не е утврдено присуство на бактеријата Салмонела“, информираа од Агенцијата.

Оттаму додаваат дека во две од училишните кујни со кои стопанисува овој оператор со храна земени се мостри само од работните површини за кои резултатите сѐ уште не се добиени, бидејќи при надзорот, не е затекната подготвена храна.

„Најдени се само производи и суровини за подготовка на храна доставени од централниот магацин, од каде претходно веќе биле земени мостри, за кои лабораториските наоди потврдија отсуство на Салмонела, односно, истите се во согласност со Правилникот за посебни барања кои се однесуваат на микробиолошките критериуми за храната“, пишува во соопштението од АХВ.

Share This Article