Ахмети за одлуката на Стејт департментот

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право господин Груби го има во одлуката на Стејт депарментот и тој сигурно нема да му наштети ниту на неговиот политички субјект, ниту на неговото семејство, до моментот кога овој процес ќе добие финална разврска, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

На новинарско прашање доколку му се утврди вина, дали ќе биде отстранет од партијата, Ахмети рече дека Груби е совесен и одговорен човек и дека нема потреба партијата да го отстрани, туку дека тој сам ќе се повлече од сите партиски функции.

– Господинот Груби е член на ДУИ, личност која четири години ја водела Владата на Република Северна Македонија. Секој член на ДУИ има обврска, без разлика на која функција се наоѓа, на повисоките или пониските нивоа да ги спроведува платформата и избирачката програма на ДУИ – рече Ахмети.

Share This Article