More

    Ахмети е за редовни избори напролет

    spot_img

    Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска изјави дека во моментов изборите не нудат решение и нагласи дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин.

    – Приоритет над приоритетите е како да се постигне договор за уставните измени и одржувањето на меѓувладината конференција, што треба да се одржи на крајот на оваа година. Не знам што можеме да направиме за да им служиме подобро на луѓето, отколку да ја зачлениме земјата во Европската Унија. Изборите не нудат решение, така што, изборите ќе се одржат во редовниот термин, напролет следната година – рече Ахмети на новинарско прашање на промовирањето на проектот „Подобрување на водоснабдувањето за населените места Рашче, Копаница, Бојане, Буковиќ, Ласкарци, Чајлане и Семениште“.

    Ахмети потенцира дека во случај на ВМРО-ДПМНЕ да ѝ пречи ДУИ да биде во предводењето на државата, ДУИ ќе се повлече од извршната власт во моментот кога тие ќе ги гласаат уставните измени.

    За повикот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски последниве денови за лидерска средба со претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на лидерска средба, на која би се разговарало за претстојните избори и за изборниот процес, Ахмети вели дека нема потреба за таква средба.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img