Агрон Речи дециден: Со цел да го извалкаат моето име и да го сокријат сопствениот криминал измислија кривична пријава без основ за мене

Saso
By Saso 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

По повод кривичната пријава против поранешниот државен правобранител Агрон Речи од Охрид, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување“, за ТВ21 реагираше Речи кој рече дека ова е обид да извалка неговото име, и ги отфрла сите сомневања.

„Во врска кривичната пријава поднесена против мене од страна на СВР Охрид со наводи за паралелно вршење на адвокатска дејност и застапување на државните права и интереси како Државен правобранител од позиција на Државен правобранител за подрачјето на Охрид, чувствувам за потребно јавно да известам дека таквите наводи се крајно неосновани и се последица на континуираните обиди да се “извалка” моето име.

Имено, заради запознавање на јавноста, актуелните настани се одвиваа по следната хронологија:

-на 10.11.2020 год. од страна на Владата на РСМ е донесено Решение бр.20-11982/1 со кое сум именуван за Државен правобранител во Државното правобранителство на РСМ за подрачјето на Охрид

-на 14.12.2020 год. горенаведеното решение е објавено во Службен весник на РСМ бр.295/2020 и истиот ден по телефонски пат сум известен за одлуката -на 15.12.2020 год. лично го примив горенаведеното решение и согласно Законот за државното правобранителство, пред стапување на функцијата, дадов свечена изјава пред Државниот правобранител на РСМ и го прифатив Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата

-на 17.12.2020 год. од страна на Државното правобранителство на РСМ за мене беше поднесена пријава за вработување и истиот ден започнав да ја извршувам функцијата Државен правобранител во Државното правобранителство на РСМ за подрачјето на Охрид Натписите објавени против мене се однесуваат на дејствија кои што сум ги извршил од позиција на адвокат, при што тие дејствија ги имам превземено на рочиште кое е одржано на 10.12.2020 год., односно во момент кога се уште сум го немал примено Решението бр.20-11982/1 со кое сум именуван за Државен правобранител во Државното правобранителство на РСМ за подрачјето на Охрид, истото не било објавено во Службен весник и во момент кога се уште немав дадено свечена изјава.

На 10.11.2020 год. од страна на Владата на РСМ именувани се и 14 други државни правобранители и сите решенија за нивно именување се објавени во Службен весник бр.273/2020 на ден 16.10.2020 год., по што истите дадоа свечени изјави и започнаа со извршување на функцијата. Како што налагаа позитивните прописи, ниту еден од овие државни правобранители не започна со работа пред решението да се објави во Службен весник на РСМ.

Дејствијата кои сум ги презел во својство на адвокат во мојата досегашна кариера се потполно законити, а на мое навремено барање, од страна на Адвокатската комора вршењето на адвокатската дејност од моја страна е ставено во мирување, после што немам превземено апсолутно никакви дејствија од доменот на адвокатурата. Во овој момент барам одговор на две прашања:

1. До Владата на РСМ: Дали до овој момент било кој именуван функционер од страна на Владата, започнал да ја извршува функцијата пред да го прими актот за негово именување, пред актот да се обајви во Службен Весник и пред да се даде свечената изјава на која обврзуваат законите?

- Advertisement -
Ad image

2. До Министерот за внатрешни работи, како лице кое раководи со органот-подносител на кривичната пријава-СВР Охрид и како поранешен адвокат: Дали министерската функција започнавте да ја извршувате истиот ден кога од страна на Владата бевте именувани за министер или од денот кога одлуката за именување Ви беше доставена и истата беше обајвена во Службен весник? Доколку сте започнале со извршување на функцијата на денот на именувањето, без примена одлука и пред истата да биде објавена во Службен весник, под морална одговорност изјавувам дека ќе поднесам оставка од својата функција.

Јавноста треба да е запознаена дека во време кога од страна на предлог на Државен правобранител на РСМ, заменик Државниот правобранител се разрешува од функцијата заменик Државен правобранител, нејзиниот сопруг, кој врши функција на судија во надлежен суд, распореден на предмет во кој обвинет беше Сашо Мијалков и други лица, дозволува во предметот да настапи застареност на кривичното гонење. Во врска со предмет во кој штета на државните буџетски средства е извршена од страна на Сашо Мијалков и истите други лица, од страна на Државното правобранителство, преку мене како законски застапник на РСМ, до надлежен суд поведена е судска постапка за надомест на штета против горепосочените лица, што е доволен показател дека како функционер, никогаш не сум потклекнал на политички или било какви други влијанија.

Оваа постапка е поведена со тужба што е поднесена временски непосредно пред да биде поднесена кривичната пријава против мене. Во овој момент актуелен е предлог за разрешување на горенаведеното именувано лице од функцијата Државен правобранител на РСМ за подрачје на Скопје, по кој што предлог, иако настапи протек на подолг временски период од денот на поднесување, Владата на РСМ се уште нема одлучено и се фрла сомнеж во “непристрасноста” на нејзините членови и евентуално обезбедената “сигурна позадина” од страна на сегашни и екс поедини функционери, иако предлогот е поднесен поради несовесно работење, како последица на што е причинета штета врз државниот буџет во износ од 3.000.000 евра. Во изминатиот период ми беше причинета и материјална штета на начин што беше подметнат пожар во деловен простор во Охрид, кој што е во моја сопствесност, така што бев изложен на уште еден удар, поради причини кои до овој момент се непознати. Како именуван функционер, молам, јавноста да не потклекнува на инструираните обиди, насочени кон лажно прикажување на незаконитост во моето работење, дискредитирање и напад на мојата чест и углед и истакнувам дека против директните и индиректните подносители на кривичната пријава од моја страна ќе бидат искористени сите инструменти кои ги дозволуваат позитивните прописи и ќе биде поднесена соодветна пријава за сторено кривично дело “Лажно пријавување на кривично дело” и “Злоупотреба на службената положба и овластување”.

- Advertisement -
Ad image

Својата функција ќе продолжам да ја извршувам законито, совесно и доблесно, како што сум ја извршувал и досега, почитувајќи ги сите закони и подзаконски акти, без во ниту еден момент да потклекнам на страв и несигурност, поради поднесената кривична пријава или сегашни и идни дејствија од таков вид“, вели во соопштението Речи.

Share This Article