More

    Агенцијата за храна апелира граѓаните повеќе да читаат етикети на храната

    spot_img

    Два маркета се пријавени од граѓани во Агенцијата за храна и ветеринарство дека ги поместуваат термостатите на ладилниците за да штедат електрична енергија и поради тоа тие купиле расипана храна. Агенцијата не кажува кои маркети биле контролирани и какви мерки се преземени, но информира дека за наводите добиле информација од граѓани кои се пожалиле.

    Дека трговците штедат струја со зголемување на температурата во ладилниците неодамна граѓани реагираа и во редакцијата на Плусинфо, а имало и жалби во Организацијата на потрошувачи. Некои од граѓаните се пожалија дека се сомневаат и дека се затруле од замрзната риба купена во некој од маркетите.

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека ладниот синџир на чување на храната го контролираат при секоја редовна или вонредна контрола на трговските капацитети и рестораните.

    – При спроведување на редовните и вонредните контроли во маркетите, рестораните и во други малопродажни објекти, инспекторите задолжително спроведуваат контрола на ладниот синџир на складирање на производите во фрижидерите со проверка на температурата во истите, проверка на евиденцијата што ја водат операторите за следење на температурата согласно нивните внатрешни процедури. За сите констатирани неправилности и отстапки се изрекуваат соодветни инспекциски и прекршочни мерки – велат од АХВ.

    Од АХВ се свесни дека поради високата цена на електричната енергија, трговските објекти и рестораните се обидуваат да штедат енергија на различен начин и затоа инспекторите имаат задача да ги проверуваат фрижидерите во трговските објекти.

    – Со оглед на новонастанатата ситуација со зголемување на цените на електричната енергија и апелите за штедење на потрошувачката на струја на инспекторите им се дадени насоки за контроли на ладниот ланец на складирање на производите и преземање соодветни санкции при констатирање на неправилности – велат од АХВ.

    Од Агенцијата за храна и ветеринарство препорачуваат граѓаните при купување на производи наменети за исхрана да внимаваат на температурниот режим кој е наведен на декларацијата на производот и рокот на употреба на производите, кој е задолжителна информација.

    – За сите неправилности кои ќе ги констатираат при купувањето да ја известат Агенцијата за храна и ветеринарство на: info@fva.gov.mk – апелираат од АХВ.

    Од Организацијата на потрошувачи, исто така, апелираат граѓаните да внимаваат на безбедноста на храната и за секои прекршувања на законските обврски да се обратат до Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Граѓаните, пак, незадоволни од ваквиот однос на институциите велат дека не можат секогаш да внимаваат што ќе купат во продавница.

    – Како потрошувач треба да имам доверба во трговците дека ми продаваат храна која е во рок и безбедна за јадење. Не секогаш можам да проверувам на која температура требало трговците да ја чуваат хранат или да ги видам ситните бројки кај рокот на траење. Ако носам и очила со мене при секое пазарење, денот ќе ми мине во читање етикети. Нели имаме закони и институции кои треба да контролираат што продаваат трговците, а и тие треба да бидат одговорни што ни нудат, зашто за тоа плаќаме не толку ниски цени – вели повозрасна скопјанка.

    Друга, пак, негодува што АХВ реагира само на поплака од граѓани.

    – Велите контролирале само два маркета кои биле пријавени, па нека се обидат да организираат вонредна контрола на сите маркети во Скопје, без разлика дали се мали или големи, па ќе видат каква е фактичката состојба. Плаќаме за да нѐ трујат или плаќаме даноци инспекторите да седат во канцеларии. Сега се фрижидерите актуелни, а никој не гледа дека некои производи како леб и печива се мувлосуваат за пократок период од порано. Реагирав и знаете што рекоа – кога ви останува лебот ставајте го во ладилник. Па дали досега го стававме во ладилник и од кога тоа леб треба да се лади за да стои два или три дена – прашува таа.

    Според стандардните правила за чување на храната, замрзнатата храна треба да се чува на -18 степени или пониска од таа. Млечните производи треба да се чуваат во фрижидер на температура од 2 до 4 степени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img