More

    Агелер вели дека постојано се дискутира за додавање нови лица

    spot_img

    Американската амбасадорка Анџела Агелер изјави дека „црната листа“ на САД е многу динамична и дека постојано се дискутира за нови имиња. Таа нагласи дека нема конкретна временска рамка за додавање нови лица на листата, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон.

    Во изјава за медиуми по отворањето на првата Конференција за борба против корупцијата во Западен Балкан организирана од Амбасадата на САД во Скопје, во соработка со Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот (INL), амбасадорката посочи дека листата е отворена за дополнувања.

    – Црната листа на САД е многу динамична, постојано се дискутира за имиња. Немам временска рамка, бидејќи тоа е одлука на Вашингтон, но, ве уверувам дека додека зборуваме има имиња кои се земени предвид и секогаш сме отворени кон додавање нови лица на листата – рече амбасадорката.

    Во однос на прашањето за препораките на Државната комисија за спречување корупција за назначувањето на членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, таа порача да се почитуваат.

    – Немам конкретни детали, но ќе нагласам дека е важно овие коментари и препораки да бидат внимателно разгледани на начин на којшто јавноста ќе добие одговори на прашањата – посочи Агелер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img