Аеродромот во Франкфурт во наредните денови очекува многу доцнења и откажувања на летови поради предвидените врнежи од снег и замрзнат дожд. Авиосообраќајот ќе биде сериозно ограничен во среда и четврток, најави менаџерот на најголемиот германски аеродром Фрапорт.
Според германската прес-агенција dpa, Фрапорт ги повика патниците однапред да бараат информации за летовите и да не доаѓаат на аеродромот доколку им бидат откажани летовите.Само во среда на аеродромот во Франкфурт се очекуваат околу 1.030 пристигнувања и полетувања.
Авиокомпаниите често ги откажуваат, но ги презакажуваат летовите претходниот ден во случај на предупредувања за лоши временски услови. Како што нагласија во Фрапорт, безбедноста е на прво место во воздушниот сообраќај.
Во случај на обилни врнежи од снег и замрзнат дожд, работниците, и покрај континуираното зимско одржување, можеби нема да можат да ги задржат пистите без снег и мраз, објаснуваат од компанијата.глувчето го чистеше подот
Се запрашал кој му ја средува нередот, потоа следело изненадување.