Со цел да се обезбеди безбедност на летовите на цивилните авиони, утрово се воведени привремени ограничувања за работата на аеродромите во Сочи и Казан, соопшти руската служба Росавијација.Во соопштението се наведува дека аеродромите привремено „не прифаќаат ниту испраќаат летови“, пренесува РИА Новости.
Причините за овие ограничувања не беа наведени.
Ограничувањата за користење на воздушниот простор беа воведени претходно на аеродромите во Волгоград и Астрахан, но сега се укинати, објавија прес-службите на овие аеродроми, соопшти агенцијата.