Адвокатот на жалителите објаснува дека Судот во Стразбур не ни одлучувал за аболициите

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Адвокатот Влатко Илиевски, кој е застапник на обвинетите и осудените пред Европскиот суд за човекови парава во Стразбур, вели дека е зачуден зошто судот чекал толку долго за да се изјасни по жалбата за поништаната аболиција од поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

– Ме чуди тоа зошто на Судот за човекови права во Стразбур му требаше пет и пол години за да донесе вакво решение. Можеше многу побрзо да каже дека жалбите се недопуштени, односно дека се преуранети. Но она што е важно дека по оваа одлука нема простор за триумфализам кај Владата, бидејќи ова не значи дека аболицијата е прогласена за неважечка. Затоа кога за овие случаи ќе треба да се одлучува во втор и трет степен, домашните судови треба да ги земат во предвид агрументите кои ги наведовме во апликациите – вели Илиевски за „Фокус“.

Европскиот суд за човекови права во Стразбур утрово објави дека жалбите на осудените и обвинетите од предметите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство се недопуштени. Според Судот обвинетите и осудените не успеале да ги исцрпат домашните правни лекови пред да се жалат во Стразбур, односно секој случај требало прво да го помине на Апелација и Врховен, па потоа да стигне до Стразбур.

Share This Article