Адвокатот на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор овој месец, наводно бил уапсен во Москва.
Извори за руските медиуми наведуваат дека Васили Дубков е приведен поради „нарушување на јавниот ред“.
Би-Би-Си јави дека тој кусо време бил задржан во притвор.
По смртта на Навални, Дубков со мајката на опозиционерот отиде во затворската колонија каде што почина Навални на 16 февруари.
Руските власти уште не го потврдиле апсењето на Дубков.
Другите адвокати на Алексеј Навални, Вадим Кобзев, Игор Сергунин и Алексеј Липстер, беа уапсени во октомври 2023 година под обвинение за „екстремизам“.
Во јануари, Олга Михаилова, адвокатка на лидерот на опозицијата, рече дека таа била обвинета за истото дело и оти одлучила да остане во егзил.
Руските власти ја забранија Антикорупциската фондација, организација предводена од Навални, поради „екстремизам“ во 2021 година.
Затворските власти го држеа телото на опозицискиот лидер повеќе од една недела по неговата смрт.
Телото и е предадено на мајката на Навални осум дена по неговата смрт.
Соработниците на Навални велат дека бараат место каде ќе одржат јавна комеморација на поранешниот лидер на опозицијата.
Портпаролката на Навални, Кира Јармиш вчера изјави дека повеќето од погребните агенции до кои се обратиле, одбиле да дозволат комеморацијата во нивните простории.
– Некои ни кажаа дека нивните простории се зафатени, некои одбија кога се спомна името на Навални. На едно место ни беше кажано дека на погребалните агенции им е забрането да работат со нас – информира Јармиш.