Адвокатот на Џеј Зи, Алекс Спиро, во понеделникот изјавил дека наводите на Џеј До, која го обвини хип-хоп магнатот дека сексуално ја нападнал заедно со Шон Комбс во 2000 година, се невистинити, објави Си-Ен-Ен.
– Сето тоа е фантазија. Очекуваме случајот да биде отфрлен – им рекол Спиро на новинарите, на приватен состанок одржан во канцелариите на Џеј Зи во Њујорк.
Спиро, преку презентација, објаснил дека наводите од тужбата на обвинителот се лажни.
– Ниеден од деталите не е точен бидејќи тоа никогаш не се случило – изјавил Спиро.
Во изменетата жалба, поднесена од Џеј До, е наведено дека Џеј Зи ја силувал на забавата, по доделувањето на музичките награди на МТВ во 2000 година, кога таа имала 13 години. Џеј Зи, чие име е Шон Картер, претходно бил неименуван во оригиналната жалба која првично беше поднесена во октомври против Комбс.
Презентацијата на Спиро пред новинарите е направена неколку дена откако Џеј До во едно интервју признала дека има недоследности во нејзината оригинална приказна, иако потврди дека Картер бил меѓу оние кои ја силувале.
– Направив некои грешки. Сепак, никогаш не треба да дозволите она што некој друг го направил да ви го уништи или да ви го управува животот. Само се надевам дека можам да им дадам сила на другите да излезат и да го кажат тоа јавно како што излегов јас – рече таа.
Во жалбата на До против Комбс и Картер, таа навела дека била однесена на забава од возач на лимузина, каде што се одржувал настанот на МТВ. Спиро рекол дека тоа не било возможно бидејќи лимузината била чувана од полиција за да се спречи пристапот на јавноста.
Спиро, исто така, им покажал на новинарите фотографии од Картер, Комбс и од други познати личности на забавата, одржана во комерцијален објект во Њујорк. Тој рече дека приказната на До не е веродостојна поради времето, потребно да се патува од градот до предградијата каде што се одржала наводната забава.
Адвокатот на Џеј До, која го обвини Џеј Зи дека ја силувал, претходно бил обвинет од адвокатот на Џеј Зи, Алекс Спиро, дека се обидел да изнуди пари од Џеј Зи пред да го објави неговото име јавно во изменетото поднесување. Спиро повторно го нападна Базби во понеделникот, обвинувајќи го дека ги потресува познатите личности, вклучувајќи го и Картер.
– Ова не е за вистина и правда. Ова е за пари – рече Спиро.
Спиро минатата недела за Си-ен-ен изјавил дека планира да побара од судот да го отфрли случајот и дека ќе побара дисциплинска постапка против Базби и неговиот тим.
– Картер е вознемирен поради обвинувањата против него, изнесени од Базби. Тој е вознемирен што некому ќе му биде дозволено да го направи ова, да го исмева системот вака. Тој е вознемирен што обвинението го одвлекува вниманието и ги одвраќа вистинските жртви од тоа да се појават. Тој е вознемирен што неговите деца и неговото семејство мора да се справат со ова. Тој е вознемирен и треба да биде – истакнал Спиро.
Пред да ја поднесе Базби изменетата жалба на До, адвокатите на Картер поднесоа тужба за изнуда против Базби, тврдејќи дека адвокатот, со седиште во Хјустон, се обидувал „да ги потресе невините познати личности, политичари и бизнисмени со армија маскирани обвинувачи“.
– Г. Картер нема никаква врска со случајот на г. Комбс. Професионално се познаваа неколку години… Нема поблиска поврзаност помеѓу кој било од нив. Тој не знае ништо за обвиненијата или за наводите против него. Тој нема никаква врска со случајот и нема што повеќе да се каже – заклучи адвокатот на Џеј Зи.