Адвокатот на Кешишев бара истрага како Палчо успеал да му даде лист хартија на Кешишев во полициско комбе

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Игор Ефремов, адвокат на обвинетиот Влатко Кешишев по денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски не сакаше да ја коментира содржината на писмото од неговиот клиент, која беше доставена до Кривичниот суд на претходното рочиште. Кешишев на крајот на судењето денеска ја повлече таа изјава и рече дека ја напишал од страв од првообвинетиот Љупчо Палевски, кој пак, му ја дал за време на транспортот од притворот во Шуто Оризари до Кривичниот суд.

Полицијата во два наврати ги спровела заедно Палевски и Кешишев, во исто комбе.

Во изјавата пишуваше дека Палевски за време на убиствата спиел во штабот на партијата, а делата ги извршиле останатите обвинети, но не беше наведено кој пукал во Вања и во Панче.

– Влатко Кешишев на денешното судење даде појаснување за таа изјава. Тој ја негираше целосно изјавата и рече дека два пати бил транспортиран од затворот до судот и назад со првообвинетиот и при тој транспорт Палевски му дал ливче. Палевски од Кешишев побарал да го препише со свој ракопис, да стави потпис и да го пушти до Судот. Кешишев појасни дека чувствувал страв од првообвинетиот и поради тоа го стори тоа. Тој ја повлекува изјавата и сè што има да каже, ќе каже пред судот – рече адвокатот Ефремов.

Во врска со тоа дали ќе бара од МВР да не се повтори ваков транспорт на обвинетите, за да не може Палевски и натаму да влијае врз Кешишев, адвокатот рече дека по завршувањето на судењето, самиот судија побарал од затворската полиција отсега, па натаму, транспортот да се одвива со четири комбиња.

– Секој треба да се транспортира одделно, токму поради вакви влијанија, да немаат контакт едни со други. Дадената изјава може да биде предмет и на Обвинителството – рече Ефремов.

На прашањето дали обвинетиот Кешишев го има оригиналот што го напишал првообвинетиот Палевски, адвокатот Ефремов рече дека тоа ќе го остави на Јавното обвинителство да го открие, ако смета дека

Share This Article