Прославениот супермодел Адријана Лима пред пред повеќе од две години го роди својот трет наследник. Синот Сијан го доби со продуцентот Андре Лемер, а од бракот со српскиот кошаркар Марко Јариќ ги има ќерките Валентина и Сиена.
Убавата Бразилка плени на секој чекор, неодамна воодушеви на модната писта во текот на своето големо враќање на ревијата на „Викторијас сикрет“, а сега за првпат покажа како изгледа малиот Сијан.
„Сијан (Cyan) е бојата помеѓу зеленото и синото на видливиот спектар на светлини. Сијан е бојата на водите на Бора Бора и Малдивите, места на нашата семејна листа. Сијан е сега нашата омилена боја… бојата на очите на нашето момче. Добредојде во нашиот свет, Сијан Лима Лемер“, рече Лима по раѓањето на детето.
Лима беше на снимањето на познатото шоу „Добро утро Америка“ во Њујорк заедно со нејзиниот свршеник, францускиот филмски продуцент Андре Лемер и нивниот син. Манекенката во својата приказна на Инстаграм објави фотографии од ова мало момче и ја воодушеви јавноста.
Медиумите пренесуваат дека малиот Сијан личи на Адријана, поточно има исти очи како нејзините, објави „Пипл“.
Славната Бразилка позираше со синот кој доби играчка њујоршко такси и со Лемер пред огромната новогодишна елка. Неодамна на Инстаграм откри дека празничната атмосфера наголемо завладеала во нивната куќа и дека елката веќе се украсува.
Овој пар ужива да биде заедно, а покрај ќерките на Адријана од првиот брак, со нив се и двете деца на Лемер, исто така од претходниот брак.