Синоќа се одржа спектаклот за модните љубители кои со нетрпение го очекуваа овој настан, кој покрај Мет Гала привлече големо внимание во јавноста.
„Викторијас сикрет“ одржа модна ревија во Њујорк, а она што многумина ги интригираше е фактот што ангелот на „Викторијас“, Адријана Лима, прошета по пистата и им ги затвори устите на сите што ја прозиваа за нејзината тежина и изглед по раѓањето на третото дете.
Лима прошета на почетокот во предизвикувачки костим, односно долна облека, а за жал, нејзините згодни нозе беа покриени, и со крилја на грбот, што е заштитен занак на „Викторијас сикрет“. Подоцна таа прошета во огнена црвена долна облека и докажа зошто ја нарекуваат кралица и вистински ангел на „Викторијас сикрет“.
Освен неа, на шоуото прошетаа и бројни ѕвезди од светот на манекенството, а меѓу нив се Кејт Мос, Џиџи Хадид, Алесандра Амбросио, Ирина Шајк, Кендис Свинпул, Александра Амбросио, Бела Хадид, како и Тајра Бенкс, која се појави на сцената, односно на модната писта по 19 години.
Џиџи го отвори шоуто, а Тајра Бенкс го затвори.
Бидејќи ова е вистински спектакл, не помалку ексклузивни беа и музичките гости: од К-поп сензацијата Лиза, кантавторката Тајла до легендарната Шер.
Меѓутоа, веќе се појавија негативни критики за шоуто, дека очекувале многу поголем спектакл, имајќи предвид дека последното шоу се одржа во 2018 години, како и тоа, дека Џиџи не е вистинската личноста којашто требало да го отвори шоуто, туку дека наместо неа тоа требало да го направи Адријана Лима, која ја нарекуваат и кралица на „Викторијас сикрет“.