Адријана Чечик, познатата порно ѕвезда која си го скрши ‘рбетот откако скокна во базен со сунѓерски коцки на голем собир на гејмери во Сан Диего, се обидува да ја обнови својата кариера на невиден начин – со помош на вештачка интелигенција.
Адријана соработува со Forever Voices AI за да го претстави „Adriana Chechik AI Companion“. Корисниците ќе можат да водат експлицитни разговори со робот кој звучи идентично како Адријана и е персонализиран според нивните интереси врз основа на напредни алгоритми и современи методи на учење.
Адријана(31) со месеци е надвор од порнографската индустрија поради повредата на ‘рбетот во октомври минатата година. Порноактерката, која сѐ уште се опоравува од повредата и верува дека „повеќе не е физички и психички способна да снима порнографија“.
Таа вели дека вештачката интелигенција е одличен начин да остане во контакт со осамените фанови.