More

    Адел си ја отвори душата пред публиката за менталното здравје

    spot_img

    Адел на својот последен концерт во Лас Вегас ја отворила душата пред обожавателите и проговорила за своето ментално здравје.

    Пејачката открила дека повторно разговара со терапевт, првпат по разводот од поранешниот сопруг Сајмон Конецки во 2019 година.

    „Повторно тргнав на терапија бидејќи неколку години не одев. Морав да почнам. Порано, кога поминував низ развод, одев на пет терапии дневно. Но, престанав да се сметам за одговорна за сопственото однесување и нештата кои сум ги рекла“, признала Адел.

    Британската музичка дива им открила на своите обожаватели дека терапијата ѝ е потребна за да може да го даде најдоброто од себе на претстојните настапи и додала дека има намера да работи на себе секоја недела.

    „Мојата терапија оваа недела беше навистина интересна, беше токму за овие мои концерти. Секогаш станувам многу емотивна. Обожувам да создавам музика, но постои нешто во настапувањето во живо што навистина ме ужаснува и ме исполнува со страв“, била искрена Адел.

    За потсетување, по повеќекратните одложувања, Адел во ноември го започна циклусот настапи наречен „Викенди со Адел“ во хотелот „Цезарс палати“ во Лас Вегас, кој ќе трае до март. Неоамна одржа концерт кој беше исполнет со магија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img