Пејачката Адел демантираше дека таа и спортскиот агент Рич Пол се свршиле во новото интервју за магазинот „Ел“.
– Не сум свршена. Само сакам накит од високата класа – изјавила Адел откако ги поттикна гласините за свршувачката, носејќи огромен дијамантски прстен на доделувањето на Британските музички награди.
Таа зборуваше и за врската со Пол.
– Не сум мажена. Едноставно сум вљубена. Среќна сум како некогаш досега. Можеби и ќе се омажам – рекла Адел.
Пејачката рекла и дека сака да има повеќе деца.
– Никогаш не сум била толку вљубена. Опседната сум со Пол. Дефинитивно сакам уште деца. Јас сум домаќинка, а стабилниот живот ми помага со музиката – рекла Адел.
ФОТО: Инстаграм