Британската пејачка Адел на концерт во Лас Вегас признала дека пиела големи количини алкохол во текот на карантинот поради пандемијата на коронавирусот.
Држејќи чаша вино на сцената, Адел ѝ признала на публиката дека еден ден за време на карантинот, до пладне испила четири шишиња вино.
„Се сеќавам кога дојдов овде за време на карантинот, испив четири шишиња вино до 11 часот наутро. Како и сите ние. Сакав да издадам албум во 2020 година, но завршив дома со алкохол“, рече пејачката пред публиката.
Адел вели дека алкохолот го исфрлила од својот живот кога почнала да вежба и да се храни здраво.
„Престанав да пијам. Тоа е одличен начин да се запознаете себеси – да пиете вода и да останете трезна”, заклучила таа.