More

    Адел ја купи луксузната вила на Силвестер Сталоне за 58 милиони долари

    spot_img

    Адел во моментот реновира нов дом во Лос Анџелес, кој некогаш му припаѓал на Силвестер Сталоне.

    Британската пејачка Адел минатата година купи луксузна палата на Беверли Хилс. Тој дворец претходно бил во сопственост на актерот Силвестер Сталоне, а пејачката го купила за 58 милиони долари.

    Зборувајќи за „Волстрит журнал“, Сталоне откри дека Адел имала едно барање пред дефинитивно да ја купи куќата. Актерот тврди дека Адел сакала да ја задржи статуата на Роки Балбоа која ја поставил, иако актерот сакал да ја задржи статуата за себе.

    „Но, тогаш таа рече дека „нема договор“ ако ја однесам статуата. Дека тоа ќе расипе сѐ. Таа ја сакаше статуата“, рекол Сталоне. Адел наводно целосно го реновирала својот нов дом, а статуата е единственото нешто што останало непроменето на имотот.

    На Сталоне не му пречи што се реконструира замокот.

    „Го сакам тоа што го прави, навистина е прекрасно“, рекол актерот.

    Вилата се протега на два ката, има осум спални соби и 12 бањи, а дизајнирана е од архитектот Ричард Ландри. Опремена е со луксузен дизајнерски мебел, а во дворот има и голем базен. Внатре во куќата има кино, спа центар, уметничко студио, сауна, парна соба и канцеларија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img